Ги одбравме најпосле и најдобрата сцена и WTF настан од изминативе шест сезони на LOST. Генерално, ова беше битка помеѓу две финалиња – она на третата сезона (Through the Looking Glass) и последното (The End). И на двете анкети овие епизоди беа далеку пред своите „противници“.
![]()
Најдобра сцена – вкупно гласови: 108
1. Последната сцена од серијата – Џек умира, и сите се во црквата подготвувајќи се да „продолжат понатаму“ (The End), 15 гласови
2. „Мора да се вратиме“ сцената од финалето на третата сезона (Through the Looking Glass), 14 гласови
3. Телефонскиот разговор помеѓу Дез и Пени (The Constant), 11 гласови
4. Разговорот помеѓу Дезмонд и Фарадеј во алтернативниот универзум (Happily Ever After), 8 гласови
Со еден глас повеќе од шокантниот прв флешфорвард во третата сезона, финалната сцена на серијата е избрана за најдобра сцена од фановите на Изгубени во Македонија!
Најшокантна сцена – вкупно гласови: 83
1. Првиот флешфорвард (Through the Looking Glass), 13 гласови
– Кристијан Шепард ја открива суштината на алт. универзум (The End)*, 13 гласови
3. Бен го убил Лок (The Life and Death of Jeremy Bentham), 6 гласови
4. Мајкл ги убива Ана и Либи (Two for the Road), 5 гласови
Како што забележувате, првото место го делат последните сцени од финалињата на третата и шестата сезона. Сосема заслужено и очекувано и за двете сцени. За мене, без сомнение најголемите две откритија по кои ќе ја помнам серијата.
До крајот на овој месец ќе ја избереме и најдобрата епизода, по што и официјално ќе завршат Изгубените оскари 2010 (кои веќе се пролонгираат со месеци на блогов од мрза..срам да ми е!).
Но, пред тоа, дали се согласувате со изборот на мнозинството, или пак сметате дека одредена сцена заслужувала повеќе отколку што добила?!?


















