header image
 

Dr. Linus (импресии)

Што мислите за најновата епизода од шестата сезона, Dr. Linus?

Гласајте и коментирајте! ;)

~ by lostseries on март 10, 2010. Tagged: , , ,

16 Responses to “Dr. Linus (импресии)”

  1. ништо
    овие се заебаваат со нас
    како да гледав Доктор Хаус
    како да гледав Династија на времето
    како да гледав Очајни Изгубени Домаќинки
    и шо се палите на Видмор? голема работа
    а бе ништо нема ејјј
    јас мислев и дека веќе нема да има:
    ќе се појави некој од некоја грмушка,
    и ќе излаже двајца за нешто
    и после ќе признае дека лажел

    незнам како ќе издржам до крај
    може треба да се дозирам паралелно со 4 и 5 сезона
    да ми текне која серија всушност ја гледам
    пошто веќе заборавив што гледам
    како што и Мјуз веќе не ги препознавам
    и се крстам со две раце кога ќе им видам спот од новите на ТВ

    еднаш изјавив тука дека веќе не гледам во живо,
    попуштив,овојпат стварно ќе биде,веќе не трошам време и нет за ова
    може само на финалето

  2. Епизодава имаше извонредни моменти, посебно оној дел со Ричард и Џек.
    Мјуз се одлични!
    LOST се далеку од Хаус и Очајни Домаќинки! ;)

    Поентата ми е, гледај ја уште еднаш епизодата, со рекламите се губи впечатокот.

  3. Одлична епизода, и мило ми е што не го скинаа Бен.

    Омилен негативец ми е по Гери Олдман во Петтиот елемент. Едноставно, не можеш а да не го сакаш.

  4. Одлична епизода конечно.И од каде тоа Бен негативец??? :)

  5. ОДЛИЧНО

    Многу ми се допаѓаше како го скроиле дејството во АЛТ тајмлајн, скоро ќе заплачев од среќа што Бен ја донесе вистинската одлука.

    Само оние сентиментални моменти на крајот кога се сретнаа повторно не им требаа.

    Гледав на А1, и ги даваат Беб и Џулиет како велат Watch LOST only on A1. Кога го снимија тоа, не беа никој и ништо, а во петта се главни и изгледа како А1 да се потрудиле многу.

  6. Супер епизода.. иако приказната со „војната“ немаше и некој прогрес, освен што сите „играчи“ се прегрупираа и дојдоа на своите места за понатамошните разврски, сепак не може да се смета за „филер/сетап“ епизодава и ќе кажам зошто: Мајкл Емерсон!! за прв пат после премиерата ми го напраи интересен и делот во паралелниот свет!! а „он-ајланд“ приказната иако понуди НАВИСТИНА МНОГУ одговори, немаше нешто ептен „лост“ во нејзе, освен како што кажав сет-ап за понатамошниот тек на дејствието..

    до сеа, вака некако би ги рангирал епизодите:
    LAX
    Dr.Linus
    Sundown
    The Substitute
    Lighthouse
    What Kate Does

  7. *) LA X

  8. @Barabbas: се согласувам за констатацијата за Бен [Мајкл Емерсон]. :)

  9. @Lost Fan: па пола-пола е, како ќе му текне, така игра… не е дека е добар, ама не е и дека е негативец (барем не толку во овој момент!) :)

  10. @Expert: најпосле може да се каже дека во една епизода ОТСКОКНУВА АЛТ ТАЈМЛАЈНОТ. Ова не беше случај во досегашните, освен секако во премиерата, кога се’ беше перфектно склопено. :)

  11. @Steff: претпоставувам дека на крајот од сезонава, епизодава ќе биде и те каков „сетап/филер“, ама во моментов мислам дека е од прилична голема важност зашто за првпат добивме ДИРЕКТЕН хинт дека нешто навистина се случило со Островот, бидејќи нели, Бен и Роџер во овој универзум го имаат напуштено (барем од тоа што го сфатив, зашто морав на брзина да ја гледам епизодава заради глупото школо)… :)

    Исто така, колку и да беше „филер“ епизодава, нема никогаш да ги заборавам оние “feel good” мигови со Бен и Алекс во паралелниот универзум. Му требаше такво нешто на овој лик. Па макар и во некоја друга реалност. =))

    А, и да, благодарение на глупото промо, при крајот ме стегна срце дека Бен ќе умре! Фала му на Бога што не се случи ова. :D

  12. Конечно Чарлс го најде островот. Сега тек ќе биде интересантно.

  13. одлична епизода…но некако беше под рангот на другите бен центрични… :) али и ова што го видовме не е за фрлање

  14. Аман бре кој е тој талент шо гласал со катастрофална епизода???

  15. Lost Fan, јас се прашувам како е возможно да има толку многу гласови за добра… а некој на блогов константно си гласа за катастрофална, само не знам која му е поентата на типот/типката… :)

  16. Епизодава ќе има лош рејтинг,а реално е одма после ЛАХ.

Leave a Reply