header image
 

Среќен роденден LOST!

Пред шест години на овој ден започна, според мене, најдобрата серија на сите времиња. Се сеќавам на премиерата како да беше вчера. Очекував да биде некоја тешка американска глупост, но на крајот истата се претвори во еден од клучните мигови за настаните кои следуваа во мојот живот.

Благодарение на Изгубени ми се роди желбата за активно пишување, започнав критички да ги гледам милионите шоуа кои се прикажуваат на ТВ, на тој начин изолирајќи се од поголемиот дел од општеството кое во филмот/серијата бара начин за да го покрие и онака неасалното трошење на време и можам слободно да потврдам дека серијата беше една од поголемите фактори за градењето на мојот карактер со текот на годините.

Колку чудно и да звучи, LOST засекогаш ќе ја паметам како серија која го разбуди уметничкото во мене и ме натера да гледам со поинакви очи кон светот…

Во случај да ме чита некој кој не гледал Изгубени, огромна препорака од моја страна да го стори тоа што побрзо!

Трејлер за Пилот епизодата:
YouTube Preview Image

Кои беа Вашите први импресии за Изгубени и дали во текот на шестте години додека се прикажуваше стана нешто многу поголемо од „само“ серија која ја следите?!

~ by lostseries on септември 22, 2010. Tagged: ,

18 Responses to “Среќен роденден LOST!”

  1. Нека е среќен роденденот! :) И за мене е најдобра серија што сум ја гледал до сега, за никоја друга серија не сум се замарал до толку, да читам активно интервјуа, теории, занимливости….

  2. Дефинитивно, и не верувам дека ќе се „замарам“ во иднина со некоја друга серија/филм како што се замарав со LOST… :)

  3. Среќен роденден!!!! :)

  4. Фала.
    Yours truly, LOST. =)))))

  5. честит роденден,голем нека расте

  6. Јас работев во двд клуб и ни ги донесоа ЛОСТ уште пред телевизииве или било кој (освен добро упатените) да чујат за нив. Ми ги изнајмуваа луѓе, но јас не сакав да започнам да ги гледам, бидејќи не сакав да станам „роб“ на некоја си серија.

    Еден член во клубот имаше ист вкус за филмови како и мене, и практично ме молеше да ги гледам, ветувајќи дека ќе ми се допаднат. Почнав да ја гледам првата епизода на работа…па втората…па одлучив дека не иде тоа така – отидов дома си ја земав сезона 1 (незнам дали имаше и 2, ама знам дека земав се што имаше во двд клубот) и започнав со активно гледање.

    Какво активно гледање, се прашувате? Па, една недела не се бањав, не се бричев (а после ЛОСТ веќе воопшто не се бричам, од респекат кон Соер, срцето мое), не излегував со другари…а што е најважно – ни со другарки:)

    Да, Лостич и сите драги ценети (знајни и незнајни) сајбер пријатели – ЛОСТ ме освои уште во првиот миг. Ме освои на начин како што досега ме освоила само The X Files серијата (од кои речиси сите сф серии од таа натаму се базирани на неа, па дури и ЛОСТ во некоја доза). Не верував дека ќе пишувам коментари за ЛОСТ, теории, дека ќе мрзнам на автобуска да чекам другарка ми Нате да ми ги донесе режани на дискови, дека одвај ќе чекам да си одам дома за да видам какви реакции има на мојата теорија, да чекам 04.00 ноќе за да ја симнам од нет новата епизода…

    ЛОСТ ме освои до таму што помогна за градбата на дел од мојот карактер. Помогна за да ми се подобри вкусот за серии и општо за мистични работи. Ми докажа дека колку и пари да се фрлени во филм или серија, ако нема добри карактери кои ќе ги сака публиката и добра приказна, се е џабе.

    Едноставно, ЛОСТ беше, е, и ќе биде култна серија. Серија од која некои филмаџии треба да учат. Да учат како се раскажуваат (комлицирани) приказни за само 50 минути, да учат како се градат карактери, да учат дека сите прашања не треба да бидат одговорени, да учат дека ништо не е како што е…

    Лостич, не ти се пофалив (на мејл сакав да ти пишам, ама бидна…) На 26 Ноември сум во Мајами, па ќе ги купам ЛОСТ на оригинал од некаде…Само незнам дали блу реј или обични ХД…Ама тоа е најмал проблем:)

    П.С.: Баш ми е мило што ЛОСТ го разбудило креативното во тебе. Немој да дозволиш никогаш повеќе да заспие.

  7. Еве мој допринос за овој сајт:

    http://365.com.mk/statii/31-film/6463-nova-serija-so-ben-i-lok-od-izgubeni

    Статијата е моја, дозволено ви е да ја читате:)

  8. Дуле, јака историја, морам да признаам… :)
    Мислам дека нема еден фан на LOST што очекувал серијата да испадне култна. Сите мислеле (вклучувајќи ме и мене) дека е уште една обична ТВ серија… Јас, впрочем, и ден денес се прашувам што беше тоа што ме задржа (и освои) да гледам Изгубени.. има некаков посебен дух самата серија, што се чувствува од првата сцена и е многу поразличен од се останато во филмската индустрија.

    Него, ајде убаво да си поминеш во Мајами!!! На работа си таму нешто или на одмор ќе одиш?? Или нешто сосема трето?? =)) Туку за ДВД-јата, одлично ако можеш да ги земеш, таман ќе се договориме за плаќање! Complete Collection беше околу 200 долари негде нели?

  9. Еве една интересна слика наменета како за пригодава… :)
    http://img210.imageshack.us/img210/7964/75289414.png

  10. LOST :( Kога сите вака ретроспективно гледаме на Лост…со тага за тоа што нема повеќе, и повеќе од очигледно е дека на сите ни значела ПРЕмногу.Серија за која се пропушташе час, серија за која останувавме НЕнаспани, серија поради која јадевме зинати во монитор, серија која што ќе ја памтиме засекогаш.

    Почит за актерите, создавачите, целиот тим кој работел на тоа маестрално дело, а најголем респект за НАС фановите (посебно Македонците)

    Намасте

  11. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН LOST!
    ех носталгија, носталгија…јас прв пат почнав да ја гледам на а1…се мачев таму првите две сезона…за третата да ја гледам на цд-иња, а од четвртата и лајв…и морам да признаам чувството да следиш лајф, ма воопшто ЛОСТ е прекрасно…
    поздрав и…

  12. хаха ги читам коментарите и се радувам, колку хард кор фанови на лост имало и сеуште ќе има…па луѓе дајте да се собереме, срамота е, на улица може да се разминеме а да не знаеме кои сме што сме…

  13. Измамнику, алал да ти е за зборовиве. Имаше таков план, ќе се скрои пак нешто…Мораме да се видиме. Замисли да сме браќа или сестри, а не се знаеме? Или, замислете си дека некој од вас е константа на некој друг фан од сајтов?:)

    Оглас: барам константа:)

  14. мислам стварно…ќе се собереме на саат-два, ништо повеќе…колку да видиме, кои сме што сме..да размениме искуства..

  15. I want that, but guys i can’t :( i am stuck on the Hydra Island… :(

    Namaste Драги ИЗГУБЕНКОВЦИ :)

  16. може, само треба да сакаш, и ќе најдеш и време и се` :)

  17. Абе луѓе, за LOST средба никогаш не е предоцна. Може да најдеме било каков повод! :) Само вие кажете кога и готова работа. =))

  18. А, инаку, сите овие коментари покажуваат колку серијата беше и Е се’ уште моќна… каква енергија се шири, просто се ежам… :)

Leave a Reply




 
Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 2.5 Macedonia
This work by Losteech is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 2.5 Macedonia.